Шо филм ќе гледаме?
е простор посветен на неговото височество – филмот.

Овде ја славиме магијата на кинематографијата, истражуваме жанрови и откриваме нови приказни што оставаат трага. За љубителите на филмови, од класици до модерни ремек-дела.

За Нас

Филмовите не се само за гледање – тие се за чувствување.
Шо филм ќе гледаме? е вашиот прозорец каде креативноста на седмата уметност добива ново значење.

Тука го славиме необичното, инспиративното и понекогаш недооценетото. Од култни класици за филмски снобови до артхаус бисери за оние со изострено сетило кон niche филмовите – ова е местото каде што љубовта кон филмот е донесена до простор за пишување на лични ставови.

Ова не се само уште едни рецензии – Шо филм ќе гледаме? нуди перспектива.

За нас филмот е повеќе од забавна содржина. Тој е уметност што не старее.

Нашите препораки...

ÁTAME (Tie Me Up! Tie Me Down)

-1980

“Tie Me Up! Tie Me Down” е бизарна љубовна приказна, на начин само каков што Pedro Almodovar може да испорача. Штотуку излезен од ментална институција, младиот Ricky (Antonio Banderas) ја киднапира порно ѕвездата Marina Osorio (Victora Abril) со единствена цел да ја натера да се заљуби во него и потоа да се венчаат. И очекувајте заплет на приказната само каков што Almodovar е сподобен да изготви.

SHAME

-2011

“Shame” е минималистичко ремек дело од 2011 година на англискиот режисер Steve McQueen, кој светска слава стекнува две години подоцна, со оскаровскиот “12 Years a Slave”.

MATADOR

-1986

Pedro Almodóvar во Matador создава дело што пулсира меѓу животот и смртта, еросот и танатосот, претворајќи ја класичната шпанска борба со бикови во симбол за човечката опсесија со уништување и повторно раѓање. Овој филм, снимен во 1986 година, е од оние рани остварувања на Almodóvar што го потврдуваат неговиот статус како провокативен раскажувач кој гради светови каде моралните кодекси и страстите се срушени до нивните основни елементи.

PERFECT SENSE

-2011

“Perfect Sense” е научно фантастична драма, во која се прикажува романтичната врска помеѓу шеф во ресторан и научник, во време на епидемија, која ги напаѓа сетилата кај луѓето.

INSIDE OUT 2

-2024

Продолженијата на култни филмови честопати носат со себе товар на големи очекувања, особено кога оригиналот успеал да ги трансформира жанрот и публиката. „Inside Out 2“, продолжението на Pixar-овиот маестрален филм од 2015 година, се враќа во умот на Рајли, сега тинејџерка, во обид да го прошири универзумот на емоциите. Но, дали успева да ја зачува магијата на оригиналот? Одговорот е комплициран, би се рекло дека во филмот има привидна комплексност, со разредена емоционална тежина.

Контактирајте нѐ...

Овде ја славиме магијата на кинематографијата, истражуваме жанрови и откриваме нови приказни што оставаат трага. За љубителите на филмови, од класици до модерни ремек-дела.